ЖивотУбави совети

Пет совети за квалитетен сон и ден полн енергија!

Здрав сон е од големо значење за подобрување на квалитетот на животот. Ако не сте се наспале убаво вие сте нервозни, уморни и не продуктивни.

Науката вели дека добриот сон треба да стане ваш приоритет. Квалитетниот сон се одразува на вашето тело, вашиот живот, вашиот ум и вашето расположение. Квалитетен сон ќе ја зголеми вашата продуктивност со сигурност.

Според научните истражувања, за возрасните е препорачано 7-9 часа спиење во текот на ноќта. Вашето тело е дизајнирано да спие околу една третина од вашиот живот. Иако сонот го сметаме за непродуктивен дел од нашиот живот, истражувањето покажало дека не сме во право. Се покажало дека спиењето всушност е активен период за нашето тело.

За време на спиењето, нашето тело се регенерира и се одмара, се синтетизираат хормони, мускулите растат и оштетеното ткиво се регенерира. Исто така тоа е корисно за нашиот ум, помагајќи ни да ја одредиме и подобриме меморијата.

5 конкретни совети за подобар сон:

Исклучете ги електричните уреди доколку ги имате во спалната соба (најдобро е да немате електрика во спалната).

Спалната соба е за спиење. Не трошете време откако ќе си легнете на мобилниот, компјутерот или телевизорот. Така ќе си го нарушите сонот.

Обидете се секој ден да одите во исто време на спиење.

Барем за викенди дозволете си некоја минута повеќе сон.

Создадете си рутина пред да си легнете која ќе ја практикувате редовно (на пример испијте чаша чај од нане).

Доколку почнете да ги практикувате овие совети ќе забележите како кожата ќе почне да ви изгледа поздрава, ќе ги снема темните кругови околу очите, преку целиот ден ќе се чувствувате полни со енергија и ќе бидете способни да функционрате нормално се до легнувањето. Набрзо ќе сфатите дека квалитетниот сон ве прави поубави и поумни, и одвнатре и од надвор. 

 

 

Поврзани статии

Back to top button