ЖивотУбави совети

Сами направете пастили за кашлица и црвено грло!

Во студената и вирусна сеозна, ние подготвивме за вас рецепт за бонбони кои ќе ве ослободат од иритирачка кашлица и ќе го смират воспаленото грло. Па сега ќе можете да направите сами пастили за грло, наместо постојано да купувате хемиски производи во аптека. Освен што го лекуваат грлото, овие пастили се исто така многу вкусни.

Состојки:

Шолја шеќер
Половина чаша вода
Лажица сок од лимон
Лажица мед
Половина кафена лажичка ѓумбир
Една четвртина од една лажичка каранфилче

Во сад истурете шеќер и половина чаша вода, потоа додадете ја лажицата сок од лимон, богата со витамин Ц и лажица мед кој има антибактериски својства, го смирува воспаленото грло и ја смирува кашлицата. Додадете половина лажичка ѓумбир во прав кој го зајакнува имунитетот, го потиснува воспалението и ја ублажува болката и гадењето. На крајот, додадете малку каранфил, кој делува антисептично и е богат со антиоксиданти, а исто така го намалува формирањето на слуз. Сите состојки префрлете ги во теџере и на оган пополека мешајте. Кога ќе почне да врие намалете го оганот, оставете околу 20 мин да се вари и повремено мешајте. Во меѓувреме подгответе плех за печење, обложето го со хартија за печење. Оставете ја смесата да се подолади, а потоа со шприц поплека на хартијата ставајте од смесата така што да направите форма на пастили. Потоа откако скроз ќе се изладат попрскајте ги со шеќер во прав за да не се лепат една со друга.

Можете да ги носите секаде со себе, да ги лижете како пастили или да ги растопите во чаша вода.

Поврзани статии

Back to top button