Работам, по цел ден работам за на тебе да не мислам…
Кога мислам на тебе или се чувствувам како најсреќната жена на светот или како најтажната. Нема средина. Или тагувам или се радувам. Кога со мислите тонам во минатото се присетувам на секој момент со тебе, на секој допир и на секоја искрена прегратка, на секоја смешна расправија па тогаш доаѓам до крајот, до онаа распарвија која навистина не раздели. Толку неважна, а толку проклето болна. Боли, ме боли кога мислам на тебе… Ме боли секоја минута помината без тебе, ме боли сегашноста, ме боли и минатото кое не можам да го променам. Но, најмногу од се ме боли иднината, оти знам дека ќе ја дочекам далеку од тебе. Не знам како да се носам со самотијава која тлее во мене со години, не знам како од своја кожа да побегнам, па работам, по цел ден работам само на тебе да не мислам. Само животот во сеќавања и илузии да не го поминам. Ќе творам со солзи во очите, со болка длабоко во мене, ќе создавам и печалам па од несреќата иднина сигурна ќе изградам.