Од васУбави муабети

СЕКОЕ МАШКО ПОКРАЈ СЕБЕ МЕЧТАЕ ЗА ЛИК-СОФИ

Замислете пред себе да стои фигура, лиена и излезена како од бајките, а сакате веднаш да направите нешто со што ќе ја задржите за себе. Само за себе!

Посакав сите да дознаат зошто токму Софи ја одбрав како главен лик во мојот нов роман. Не во било кој жанр, туку во романтична комедија. Виртуелната девојка не може да направи ништо од што ќе ѝ се затресат рацете. Нема љубов, нема чувство на расеаност, нема причина да разговара на телефон до доцна во ноќта. Толку ли е тешко да го најде принцот на бел коњ?

Бели коњи има многу, но ретки се принцовите!

Таа млечно-снежна боја на кожа која при секое движење го расфрла мирисот на ванила, ми вдахна живост во мене и ми проработи инспирацијата. Руса коса, тенка половина од која боли глава… Да, да! Наликува на барбика од бајките, но не на денешниве празноглави пластични барбики.

Играјќи си со неа во романот ЗА ДВА ДЕНА РЕЧЕ „ДА’’, ѝ ги вметнав карактеристиките кои ме излудуваат кај жените. Секој си дозволува да изигрува манијак во мислите, легнувајќи, со замижани очи, правејќи го филмот. Секој лик е режисер и монтажер на сопствените луди слики. Но, авторот има привилегија да и игра со ликот, да ја вљубува, одљубува, да се стави себеси во главниот лик за барем малку да ѝ се доближи на Софи (читај, авторот, т.е. Јас) кога не може да ја има во рака. За мене не важи поговорката „Подобро гулаб во рака отколку пиле на гранка“. Токму поради тоа, Софи му е одредена на младиот и згоден директор, Бобан, кој конечно ќе стори револуција во неа, та здивот да ѝ застане при секое вдишување и издишување на истиот воздух со него, кога се блиску еден до друг.

Секој желен за авантура со Софи-лик треба да стане писател.

И уште ако ликот е образован и усовршен како личност…Луѓе, тогаш не сте ја згрешиле професијата. Знаете како да скроите приказна и посакуваните ликови од мислите да ги преточите на хартија.

Епа, Ве канам да откриете, дали е многу тешко човек да се заљуби, ако покрај себе има личност која го засмева, нервира, излудува и прави да се чувствувате како вистински мажи.

ПС: Мажи, Софи е слободна, надвор од приказната во романот „За два дена рече ’Да’ “.

 

Од авторот на романот ЗА ДВА ДЕНА РЕЧЕ „ДА“,

Душко Трифуновски

Поврзани статии

Back to top button