Како да одберете идеални “skinny” фармерки?
Наоѓањето на идеален модел на фармерки, кој совршено ќе го нагласи обликот на вашето тело, бара долго пребарување и постојано тестирање на различни модели.
Ние собравме 5 совети за да ви помогнеме да одберете совршен скини пар фармерки:
1. Секогаш избирајте фармерки со висок струк
Фармерките кои се закопчуваат околу папокот го нагласуваат вашиот струк и на вистинскиот начин спречуваат вашите потенцијални недостатоци да излезат на виделина. Се разбира, одберете ја висината на струкот според висината и пропорциите на вашето тело.
2. Избегнувајте претесни фармерки
Ако ви е тешко да ги навлечете фармерките уште под бутот, одберете еден број поголеми. Неопходно е фармерките да се вклопат во вашето тело, но важно е истовремено да ги извршуваат сите основни дејства.
3. Должината на панталоните е исто така важна
Тие треба да бидат точно до зглобот на ногата. Кратките фармерки може да го направат вашиот лист подебел а предолгите фармерки може да изгледаат неуредно.
4. Патент
Многу е важно патентот да е исправен и точен, да може да функционира нормално, без да се грижите дали ќе се излизга надолу.
5. Задните џебови мора да бидат високи и блиски еден до друг
Џебовите визуелно го подобрува впечатокот од вашето тело. Избегнувајте широки џебови, тие визуелно може да ги прошират вашите колкови.
Тесните фармерки се едни од основните модни парчиња што секоја жена треба да ги има во својот гардеробер, ќе може совршено да се комбинираат во многу комбинации на облекување. Затоа почитувајте ги овие совети и изберете ги совршените фармерки според вашата градба, во кои секогаш ќе се чувствувате пријатно и убаво!