Од васУбави муабети

Имуностимулатори и имунодулатори – Др. Ангелчо Андоновски

Периодот на вируси се уште трае. Многу деца под 4 годишна возраст страдаат од респираторни инфекции, кои често се повторуваат. Симптомите може да бидат црвено грло, потечени тонзили, синузитис, кашлица, потешкотии во дишењето, зголемена бронхијална секреција. 

За жал, многу од овие деца често добиваат терапии со антибиотици, кои не се ефикасни против вирусот и по продолжена или честа употреба, тие можат да го ослабнат имунолошкиот систем. Антибиотиците делуваат некое време, но кога ќе се продлабочи состојбата,  детето повторно се разболува. Повеќето настинки и грипот кои се јавуваат во текот на зимата почнуваат како вирусни инфекции и често може да бидат комплицирани со бактериска инфекција. Во случај на вирусни инфекции, давањето на антибиотици е бесцелно, бидејќи тие не делуваат на вируси, туку на бактерии.

Кога детето е често болно, а често му давате лекови, се чувствувате беспомошни, збунети и само стравувате  кога ќе се разболат следниот пат. Кога детето ќе се роди  дел од имунитетот добива од мајката а дел добива со стекнување на имунитетот во контакт со вируси и бактерии. Секој пат кога младиот организам доаѓа во контакт со непознати вируси или бактерии, телото т.е имунолошкиот систем го брани и прилагодува  специјалнити клетки за борба против одреден напаѓач т.н антитела. Секој следен пат кога организмот влегува во контакт со напаѓачот, со кого веќе се запознал, активира антитела за тој напаѓач и привикнува прилагодува нови класи на антитела спремни за одбрана на организмот. Младиот организам мора да ги запознае бактериите и вирусите од неговата околина и да развие соодветен  имун одговор кон истите, па затоа децата често се разболуваат. Училиштата, детските градинки и други места за колективен престој на деца се идеални за ширење на вируси и бактерии кои предизвикуваат болести.

Со давање на природни препарати и природни лекови можат да го зајакнат имунолошкиот систем на организмот и да го олеснат справувањето и траењето на болеста. Ехинацеа, прополис, цинк, масло од црн дроб на ајкула, омега 3 и други имуностимулатори влијаат на зголеменото формирање на дефанзивни клетки. На овој начин, организамот лесно ги совладува напаѓачите или други помалку опасни болести и ние викаме тие стимуланси побрзо делуваат и лекуваат. Не е забрането да се даваат вакви супортери зависно од возраста. Познати се многу ОТЦ препарати кои можат да допринесат кон подобрување и развивање на имуниот систем на детето. Сите овие имуностимулатори или имунодулатори зависно од возраста можат да најдат и своја примена и да се користат во тој правец за да се помогне за подигнување на одбраната на еден кревок детски организам или за скратување на периодот на болеста.

Потребно е пред употреба на таков препарат сепак да се исконсултираме со својот педијатар за да знаеме дали тој препарат соодвествува на самата состојба и да дознаеме дали не е контраиндицирано со некоја веќе постоечка терапија или преосетливост кон некоја состојка во самиот препарат. Овој тип на препарати треба да имаат изработено доста научни студии за да ние процениме и ја сватиме неговата ефикасност а со тоа и одобрување на примената на истиот. Тие сите имаат различен начин на делување. Кога станува збор за респираторните инфекции, независно вирусни или бактериски ќе проговориме за препаратот ИММУНОВИС за деца кој претставува имуностимулирачки комплекс погоден за справување со респираторни инфекции баш поради составот во кој што содржи лиофилизирани  култури од мртви бактерии Стрептококус пнеумоние, Неисерија катаралис, Стрептококус пиогенес, Хемофилус инфлуенца, Клебсиела пнеумониае. Исто така треба да се каже дека содржи и витаминска мешавина а со тоа и го збогатува витаминскиот внес. Нема несакани ефекти и после спроведените студии. Онаа што е погодно за децата е дека се таблети за џвакање па со убавиот вкус се привлечни за употребата од страна на децата. Комбинацијата т.е давањето на ИММУНВИСОТ заедно и со потребната терапија доколку е вклучена е без никакви несакани ефекти. Секако дека пред употреба се препорачува да се консултирате со вашиот педијатар. Дозирањето зависи од возраста на детето. Препарат кој е корисен баш во овој период на вируси кој ќе потрае. Неговата примена е баш во доменот на респираторните инфекции кои се најчести компликации во овој период.

Најважно е да децата се носат на чист воздух и да се зголеми и внесот на овошјето и зеленчукот бидејќи исхраната е најбитна во овој период. Совет до сите родители е да децата не ги носите во затворени простории и во присуство на многу луѓе бидејќи присаството на мноштвото вируси и бактерии е токму на вакви места најконцентриран. Биди здрав како ЛАВ!

Др.Ангелчо Андоновски – Директор на детската болницата Козле за белодробни заболувања

 

Поврзани статии

Back to top button