Зимски тренди парчиња кои ќе ви помогнат да заблескате!
Иако капутите и јакните се главната работа во текот на студените денови, тоа не значи дека не можете да направите другата зимска облека и паметно избраните детали да заблескаат. Доволно е да си набавите само неколку парчиња кои ќе направат да се чувствувате подобро во текот на зимата и ќе ви биде полесно да ги надминете студените денови, а во продолжение нашите совети:
Впечатлив капут. Не мора секогаш да одбирате клот капути кои одговараат на се. Потребен ви е еден впечатлив и нездодоевен капут кој ќе може да го комбинирате лесно и благодарение на него да се чувстувате привлечно и весело.
Свилена машна. Свилената трака во вашата коса ќе направи секогаш да изгледате елегантни и привчечни, а најдоброто од сè е што секогаш ги имате дома.
Тренди шал. Дури и оваа сезона, исто како и неколку предходно, модерни се детали направени од вештачко крзно. Тие изгледаат многу гламурозно. Една таков шал може да го промени вашиот аутфит.
Уникатна чанта. Нешто кое го носиме секаде и секогаш со нас, нешто без кое не можеме, нека биде несекојдневна и впечатлива зимската чанта од која не можете да се одвоите.
Елегантен рачен часовник. Најпосакуваниот моден додадок за секоја сеозна, носете го постојано.