Овошен крем во кој ќе уживаат и децата и возрасните – готов за 20 минути!
Потребни се 20 минути за да се подготви овој овошен крем, а децата и возрасните ќе уживаат подеднакво.
Потребни состојки: 160гр шеќер, 6 жолчки од јајца, 65гр путер, 150мл сок од лимон, 100мл сок од портоал, малку сол, лажичка рендана кора од лимон, боровница, рибизли или друго овошје по желба и бисквити по желба.
Подготовка: Шеќер, жолчка од јајце, сок од лимон и сок од портокал, се става во подлабоко тенџере. Кремот се вари на тивок оган како пудинг, со постојано мешање (околу 8 до 10 минути). Кога кремот е соединет и густ, отстранете го од пламенот и додадете го путерот и кора од портокал или лимон. Се меша додека путерот не се растопи па потоа е потребно да се спои со кремот. Кремот се покрива со фолија и се става во фрижидер околу половина час да се излади.
Овој крем се сервира во чаша, на следниов начин: на дното на чашата, истурете ги вашите омилени бисквити, истурете го кремот и додадете го овошје на врвот на чашата.
Уживајте во оваа интересна мешавина на вкусови.