Не бегај од себе, бидејќи немаш каде да побегнеш…
Немој да мислиш дека во туѓа кожа ќе ти е подобро или ако се претвараш во нешто што не си дека поубаво ќе поминеш во животот. Немој да завидуваш, немој да претпоставуваш дека на другите им е поубаво и полесно, не знаеш никому дома како е, длабоко во него што чувствува. изгледот често пати знае да измами. Не мисли дека некаде на другиот крај на светот постои место кое ќе ги исполни сите твои соништа. Не бегај од себе, немаш каде да побегнеш. Луѓето кои те повредиле не се вредни да бегаш од себе, само побегни од нив и тоа е доста, тоа ќе ги реши сите проблеми во твојот живот. Стои настрана од оние кои мислат дека се повредни од некој друг, од оние кои потценуваат, се исмејуваат и пркосат. Бегај од оние кои оставаат траги во знак на рани и белези на нечија душа и не сфаќаат дека еден ден како бумеранг ќе им се врати се лошо што направиле, дека еден ден некој на нив ќе дојде ќе им остави белег кој секогаш со болка ќе го носат на себе. Гледај секогаш на светлата страна на животот, а доколку ти се чини дека ја нема тогаш ти биди светлото во таа мрачна дупка и тогаш штом ќе заблескаш ќе сфатиш дека животот од тебе зависи каков ќе е. Ослободи се од егото, ослободи се од мислите што мислат другите за тебе. Не ставај маска, така ништо нема да промениш. Се што ти е потребо е малку тишина и мир сам со себе. Сам на себе стани си најдобриот пријател, највлијателниот шеф и најмудриот советник. Кога ќе почнеш да се сакаш и почитуваш себе си ќе зачекориш на патот за подобар и поубав живот.