Книги кои вредат да ги прочитате!
Збогатете си ја душата, читајте секогаш и секаде!
Мојот век (Гинтер Грас) Во романот ,,Мојот век”, во сто куси стории, една за секоја година, Гинтер Грас избира свој агол на видување за секоја од нив, за Германија и за Германците (но не искучиво за нив), за ХХ век што отпатува во историјата. Честата промена на раскажувачкиот план и ракурс, слично на филмската техника на монтажата, ја менува и сета друга карактеристика на настанот, обликувајќи го својот конечен изглед според својот директен сведок. Самиот Гарс е протагонист и директен свидетел на ано домини 1959, годината на неговиот најголем книжевен успех, на 19878, 1989 и 1998-та. Тој е еден од протагонистите и директно вмешаните во ентериерот на настаните што ги опишува. И на крајот, тој ги вплеткува своите лични сеќавања во нечии туѓи сеќавања и спомени и по заобиколен пат укажува на менталната, но и на онаа другата, историската слика на Германија, на Германците и нивните трауми и искуства од поновата историја, а во исто време, како тие се рефлектираат и врз него лично…
Биди со мене (Џенифер Л.Арментраут) Дали Тереза и Џејс имаат шанса да бидат заедно, или животот има друг план? Тереза е вљубена во најдобриот другар на брат ѝ, но тој не зборува со неа откако се бакнаа – еден неверојатен бакнеж што ти го менува животот засекогаш. Потоа, таа излезе од една ужасна врска. А сега, повредата со која се здоби може да стави крај на нејзината кариера како танчарка. Време е за план Б: колеџ! А можеби ќе има и шанса да го убеди Џејс дека тоа што постои меѓу нив е она вистинското. Џејс крие огромна тајна што не ја кажува никому – особено не на Тереза. Иако тие се бакнаа – со најжешкиот бакнеж во неговиот живот – тој знае дека мора да им даде приоритет на други нешта. И нема време за врска. Но, постојано мисли само на бакнувањето со девојката која може да му уништи сè. Сепак, Џејс и Тереза веќе не можат да ги негираат чувствата што ги имаат еден за друг. Но опасноста демне и се случува трагедија. Додека кампусот закрепнува од страшната случка, судбоносно вљубениот пар мора да одлучи што се подготвени да ризикуваат за да бидат заедно и дали се подготвени да го изгубат тоа доколку врската не успее…
Неговото семејство (Ернес Пул) Ернест Кук Пул (Ernest Cooke Poole, 23 јануари 1880 – 10 јануари 1950) е американски новинар и писател со социјалистички убедувања, добитник на првата Пулицерова награда за проза со романот Неговото семејство (His Family, 1918). Многу критичари сметаат дека “Неговото семејство” ја добива Пулицеровата награда што не e сè уште установена три години претходно за да го круниса критичкиот успех на Пристаништето. Во балзаковски манир, но со поголема верба во луѓето (и со помал успех), романот го истражува односот меѓу шеесетгодишниот Роџер Гејл, кој неодамна останал вдовец, и неговите три ќерки. Едит, најстарата, е венчана и има сопствено семејство; Дебора, средната, е директорка на училиште, многу поприврзана за својата работа отколку за своето момче, Алан Берд; Лора, пак, најмладата (која рано во делото ја објавува својата свршувачка за брокерот Харолд Слоун) е слободоумна и непослушна девојка. Низ дејството на романот – грубо скицирано меѓу едно убиство, две неверства, еден развод и една венчавка – додека секоја од ќерките се обидува да си ја исцрта сопствената иднина, Роџер сè повеќе и повеќе е вовлечен во препирките и тензиите на семејниот живот, постепено преобразувајќи ја функцијата на случаен медијатор во улога на свесен спасител.