Внимавајте со маслото кое го користите при готвење!
Користете масти од растително потекло (маслиново масло или масло од разни семки) наместо масти од животинско потекло (путер, сало или сланина). Ограничете ја употребата на масти во исхранта. Јаглените хидрати и протеините побавно се варат кога ги приготвуваме и ги внесуваме во огранизмот со масти.
Немојте да јадете повеќе од две јадења богати со масти во ист оброк. Одбегнувајте го пржењето, особено кога станува збор за продукти од животинско потекло. При високи температури, како што е при пржење, животинските масти се распаѓаат и создаваат штетни супстанци, меѓу кои акролеин, кој тешко се варти и предизвикува пречки во цревата и желудникот.
Доколку веќе пржите, подобро е да користите прехрамбени продукти од растително потекло на температура која не е многу висока, менувајќи го секој пат маслото. Маслиновото масло е мошне стабилно на високи температури и е мошне погодно за пржење.
Маслата од маслодајни семиња се помалку погодни за пржење бидејќи многу полесно оксидираат. Пазете се од скриените масти кои се наоѓаат во конзервираните производи или во готовите, како што се чипсовите, слатките и чоколадите.