Добар маж и просечен секс, или лош маж и незаборавен секс?
Некој еднаш рече: “Мажите се како чевли. Тие можат да бидат елегантни и секси, или удобни. Но, не во исто време “. Ех, тие преубави сатенски салонки, високи потпетици! Додека во нив ќе направите десетина чекори ќе ви се направат плускавци на стапалата. Од друга страна удобните износени патики никогаш нема да ви предизвикаат неиздржлива болка. Секако, удобноста која ја чувстувате додека во нив шетате по градот нема да ве спречи да мечтаете за некој убивствено секси кондури.
Добра вест е сепак што не морате обавезно да изберете една од овие екстремности. Сосема е веројатно да се пронајде внимателен маж поради кои ќе ви се тресат колената. Доколку сте во врска со прав маж, но вашиот сексуален живот не е бог знае што, прва работа која треба да ја направите е да откриете зошто не ви оди во креветот.
Психолозите велат дека постојат пет аспекти на секоја врска кои се од клучно значење за нејзиниот успех: хемија, компатибилност, комуникација, заеднички цели и тајминг. Доколку хемијата се поклопи со барем еден од наведените аспекти сте во предност во однос на оние кои ги имаат сите други аспекти, но без хемија. Затоа што хемијата најдобро помага на паровите да ја пребродат кризата.