ЖивотУбави совети

Најраспространетата болест доколку не се дијагностицира на време може да биде фатална…

Лекот против дијабетес засега не постои, но може да се контролира многу успешно: редовните прегледи, соодветната терапија и соодветен животен стил ќе спречат сериозни компликации на оваа болест. Ова е една од најраспространетите хронични болести. Половина од нацијата се справуа со овој проблем наречен шеќерна болест.

Симптоми:
Често уринирање, силна и постојана жед и зголемен апетит се првите знаци на дијабетес, но вистинските проблеми се јавуваат подоцна, бидејќи тоа е долгорочна болест со тешки компликации. Во случај да ја запоставите болеста (нередовни контроли, несоодветна терапија и исхрана), пациентите двапати почесто може да страдаат од кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, и често доведува до колапс на бубрезите. Проблемите со очите се многу чести, вклучувајќи делумно или целосно губење на видот.

Оштетувањето на нервите, како и микроваскуларното оштетување, резултира со појава на полинуропатија, како и импотенција кај мажите. Посебни опасности се отворени рани на нозете, бидејќи гангрена може да се развие, а конечниот исход може да биде ампутација. Иако засега нема лек за дијабетес, може успешно да се контролира и со соодветни начини на живот да се надминат проблемите што се предизвикани од дијабетес. Постојано високо ниво на шеќер во крвта предизвикува промени во капиларите кои го снабдуваат со крв мрежницата на очите. Во случај да се прошири, во мрежницата влегува и крвта или други течности, што доведува до болест наречена ретинопатија. Последица на ова нарушување е оштетување на централниот вид (макулата) – ретината отекува и нејзините клетки губат значителен дел од нивните функции. Оваа болест се нарекува макулопатија и се јавува главно кај дијабетес тип 2.

Редовна контрола, редовна физичка активност и здрава исхрана се задолжителни за пациентите кои боледуваат од оваа болест, но и за сите останати.

Поврзани статии

Back to top button