Во овие расправии жената секогаш го победува мажот!
Ретро кога еден маж ќе успее да “победи” жена кога станува збор за дискусија… Не постои врска или брак во која барем еднаш паровите не се согласуваат. Нo, тоа се случува затоа што не сме сите исти, имаме различно размислување и на друг начин го перципираме тонот на гласот кога мислиме дека нашиот партнер е лут или нервозен (а всушност не е). Потоа, има помали или поголеми расправии кои се сосема нормални и по кои набрзина се смируваме. Но, постојат и оние во кои секогаш некој (мажот) ќе извлече погубен крај…
Жената секогаш победува кога станува збор за овие расправии: Кога мажот е фатен на дело, кога станува збор дали да се избришат или да останат фотките со бившата девојка на социјалите мрежи, кога мажот лаже дека девојката не е здебелена само за да не ја разочараа таа со аргументи ќе го побие, кога се двоумат кој филм да го гледаат- секогаш, секогаш го гледаат оној кој го одбрала девојката, кога се расправаат за мобилниот телефон и пријателите на социјалите мрежи мажот е секогаш тој што ќе преќути и ќе ја послуша девојката… Уште во многу ситуации жената е онаа која го носи клучниот збор, но нема да ги набројуваме сега, ќе ги оставиме за друг пат, оти се премногу!