Три супер поучни книги за сите идни и сегашни мајки!
Книги за сите сегашни и идни мајки!
Бебе – упатство за употреба (Д-р Луиз Боргенихт) Конечно! Водич за почетници по бебе-технологија! Книгата Бебе – упатство за употреба содржи детални упатства и илустративни дијаграми со кои ќе одговори на стотици прашања: Како да ги конфигурирам бебешките јасли? Која е најдобрата техника за повивање? Како да го активирам режимот на спиење преку ноќ? Кога треба да го носам детето на технички преглед? За сè што ве интересира, одговорите се тука, благодарение на прочуениот педијатар д-р Луис Боргенихт и син му, Џо Боргенихт, виш татколог. Тие двајца нудат многу совети за секој што сака да ги совлада основите на бебешката нега.
Книга за мајки (Алисон Малони) Во чест на најдобрите мајки на светот, еве прирачник што ја слави уметноста на мајчинството. Од духовити анегдоти, супер корисни предлози, совети за преживување, топ-листи, па сè до факти и занимливости за мајчинството, овој досетлив и поучен водич несомнено ќе им стане неразделен пријател на мајките од сите генерации.
Мајка и дете Практичен водич за секоја мајка. Книгата е поделена на 4 главни делови: бременост, грижа за бебе и дете, развој и здравје. Сеопфатна книга во која ќе најдете се за бременоста, од моментот на зачнување па се до моментот на породување.