Со еден магичен збор прекинете ја расправијата за време на празничните денови!
Празници се тука и понекогаш ние знаеме дека сме малку повеќе напнати додека не се прилагодиме на празничната атмосфера. Ќе признаете дека нешто што најмалку ви треба е кавга барем за празниците со вашиот партнер. Имавме мало истражување за тоа како да избегнеме распавии за мали и неважни нешта и да најдеме исклучително едноставно решение. Станува збор за “химна” што ќе ви помогне да ги решите вашите љубовни проблеми.
Зборовите на важни и блиски луѓе можат да ни наштетат полесно и побрзо од оние што ги говори некој странец. Ако изговорите непромислени зборови и му наштетите на некој близок, постои еден збор што може да ве спаси! Кога ќе кажете нешто што не го мислите, едноставно кажете “извини, усп, згрешив..” или нешто во тој стил и избегнувајте понатамошни дискусии.
Ваков едноставен збор може толку многу да ја оттргне напнатоста и да го промени негативното расположение, па дури и да го подобри вашиот однос. Извинете се кога ќе згрешите или кога ќе кажете нешто што длабоко во себе не го мислите. Не дозволувајте магичните празнични денови да ги расипете само за да не си ја признаете грешката.