Дали кафето е пријател на здравјето?
Иако премногу кофеин може да предизвика несоница, немир и брзо чукање на срцето, во повеќето случаи, кафето е всушност добро за здравјето. Постојат многу видови на храна и пијалаци, кои луѓето треба да ги консумираат помалку, но ние ви нудиме неколку причини зошто кафе не би требало да биде на таа листа.
1. За здравјето црниот дроб – Девет студии покажале дека кофеинот го намалува ризикот од цироза на црниот дроб. Една шолја кафе дневно го намалува ризикот за 22 проценти, од две до 43 проценти, од три до 57 проценти, а четири до 65 проценти.
2. Срцеви болести – Резултат на повеќе од 200 студии за влијанието на кафето врз срцето покажал дека луѓето кои пијат три или четири шолји кафе дневно имаат 19 проценти помал ризик од смрт од кардиоваскуларни болести.
3. Шеќер во крвта – Една голема студија покажала дека секоја дополнителна шолја кафе дневно била поврзан со седум проценти помал ризик од развој на дијабетес.
4. Рак – Една студија покажала дека големите љубители на кафе (оние кои пијат најмалку три чаши дневно) имаат за 18 проценти помал ризик од развој на рак на црниот дроб, усната шуплина, хранопроводот и на простатата.
5. Депресија – Голема студија на 50.000 жени покажала дека една чаша кафе го намалува ризикот од депресија за 15 проценти.
Препуштете му се на кафето и уживајте во него!