Ако сте една од овие жени, време е да се запре страдањето во тишина!
Болката во текот на сексуалниот однос води до огромна непријатност, а исто така и до крај на сексуалниот однос, бидејќи болката е обично толку силна, што го намалува целосно задоволството на партнерите во креветот. Ако сте една од овие жени, време е да се запре страдањето во тишина.
“Изгледа дека дури една четвртина од жените во денешно време почувствувале еднаш или повеќе пати болки за време на водење љубов. Овие податоци се релативно несигурни, со оглед на тоа што жените ретко го посетуваат својот матичен гинеколог поради овој проблем. Најчесто овој проблем го имаат жени кои се пред менопауза или во менопауза, но овој проблем може да се појави и кај помлади жени”
Причина за болен сексуален однос
Една од најчестите причини е грчеви на вагиналните мускули за време на самиот однос. Тоа главно е последица на несигурност и неподготвеност за самиот сексуален чин, што е почеста појава кај младите жени. Причината може да биде недоволна влажност како резултат на недоволна сексуална возбуда или незаинтересираност за партнерот. Но, причина може да биде и инфекција на вагината и грлото на матката, воспаление на жлездите Bartholin, рани на грлото на матката, цисти и воспаление на јајниците, поголеми fibroids, ендометриоза, воспаление на мочниот меур…Треба да се обрне внимание дали можеби има други симптоми како што се зголемување или промени на вагинални секрети, промени во менструалниот циклус, пост-крвавење, болно и често мокрење. Ако болката продолжи, особено ако е придружена со горенаведените проблеми, гинекологот треба да го провери тоа.