Бронхитиси кај децата во зимскиот период – Др. Ангелчо Андоновски
Акутното воспаление на бронхиите е честа болест во детството, која главно се однесува на инфекции на горниот респираторен тракт , родителите обично наведуваат дека пред тој ден кај детето се зголемила назалната секреција и чувството на “гребење” во грлото, потешкотии при голтањето и честа и перзистентна кашлица кај детето.
Бронхитисот кај децата е најчесто вирусен предизвикан од вируси како што се RS вирусот и Адено вирусно и бактериски предизвикувачи како што се пневмококата , стрептококата, стафилококата и H.influence.
Како иницијални фактори за појава на бронхитисот се контаминацијата на воздухот, потенцијалните алергии и хроничните болести на дишните патишта кои придонесуваат за развој на оваа болест. Акутното воспаление на бронхиите обично се јавува за време на постудениот период.
Како да се идентификуваат симптомите?
Детето е вообичаено малаксано со појава на “сува” и макотрпна кашлица, послабо јаде или одбива да јаде. Кашлицата е најизразена во текот на ноќта и дополнително ја комплицира и континуираната секреција која е изразена во ноќните часови. Во некои случаи, детето се заморува и чувствува слабост и малаксаност, исто така плитко дишење е честа појава а понекогаш може да се појави и болка во градите при кашлањето.
Нашите најмлади пациенти ,бебињата најчесто се подложни на вируси, па затоа оваа појава кај нив се нарекува вирусен бронхиолитис. Родителите кога ќе го донесат бебето во ординација често се вознемирени и уплашени поради фактот дека бебето “кркори”, но ние како лекари неопходно е и да ги разликуваме тие преносни звуци, бидејќи родителите тој момент го сметаат за најопасен… Точно е и најчесто има многу секрет во носот и неопходно е да се вшмукува тој секрет или да биде испран со физиолошки раствор. Бебињата се вознемирени, плачливи се, не земаат оброци, знаат и да го повратат шлајмот и слабо спијат.
Кога е време да одите на лекар?
Наоди на бронхитис се разликуваат од возраста и тежината на болеста. Вирусна инфекција, во присуство на гнојна секреција, често се надополнува со бактериска инфекција и појава на температурата. Детето диши чудно, има пискав и кркорлив наод и има продолжен момент на издишување во некој случаеви и ја активира интра косталната мускулатура за да дише. Ова се тие моменти кога треба да се јавите кај вашиот педијатар.
Што треба да се направи?
Пожелно е да се изврши бактериско испитување на носот и грлото пред да се започне со било каква терапијата, исто така потребна е и дополнителна лабораториска дијагноза и испитување на крвната слика и ЦРП. Искусен педијатар понекогаш е доволен да има физички аускултаторен наод за да ја предвиди насоката во која болеста ќе се развива. Детето треба да остане дома, да престојува во добро проветрена просторија, со доволна влага. Полесна храна со многу течности: чај, компоти, супи, овошни сокови.Тоа е исклучително добра терапија доколку станува збор за вирусни бронхити во овој период. Врз основа на сите показатели педијатарот проценува дали да воведе антибиотици, деконгестантни или да воведе инхалации и сируп за кашлица. Во исто време, треба да го дренираме детето особено доколку е помало и тоа со физички процедури – тапкајте го детето по грбот, за полесно да ја олесните дренажата на секретот.
Со соодветна дијагноза и навремено лекување, болеста е краткотрајна и може да помине без компликации. Во ретки ситуации, може да се развие во воспаление на белите дробови и затоа е од најголема важност да се препознаат симптомите на време и да се контактира педијатар.
Др.Ангелчо Андоновски – Директор на детската болницата Козле за белодробни заболувања