Од васУбави муабети

Болеше минатиот декември, ќе боли и овој…

Лани, први декември, започна како убав и студен ден… Ме разбуди сонцето кое продираше од прозорецот во нашата соба со огромна светлина, чудна за месецот декември. Со полу отворени очи, се свртев накај твојата страна од креветот, те немаше, ја гушнав твојата перница. Потоа ја помирисав, па тивко забревтав и солзите сами потекоа. Повторно до утринсите часови ти не беше прибран дома, јас повторно спиев сама, со твојот мирис во креветот. Но, тоа утро беше поразлично. Јас плачев бидејќи знаев дека декај тој ден ќе е пресуден. Повеќе немав сила да слушам лаги, празни зборови и ветувања. Станав и наместо да ти се јавам, како што секогаш правев, јас го земав куферот и своите партали почнав набрзина да ги собирам во него, панично брзав, се плашев да не се појавиш на вратата, да не ме изманипулираш повторно. Се плашев да го видам твоето лице, тој сјај во очите кој го поседуваше, оти бев слаба на него. Сакав од тебе да побегнам, сега сакам од себе да побегнам. Ме болеше лани, ме боли и денес. Лузна од тебе имам, која не зараснува, која не поминува. Една година помина, а мене ми се чини вечност оти е без тебе, со тебе годините ми летаа, но сфатив. Боли со тебе, боли без тебе. Вака денеска знам зошто ме боли, зошто сум сама и зошто тагувам. А, ти? Дали кај тебе се смени нешто? И да знаеш дека ланскиот први декември сонцето било толку силно затоа што за мене започна разденување, животно разденување…

Поврзани статии

Back to top button