Вашата работа ви станува напорна, најблиските луѓе често не сакате да ги гледате и сè ви изгледа така црно…
Проблемите во врската поврзуваат и многу други животни проблеми со себе. Вашата работа ви станува напорна, најблиските луѓе често не сакате да ги гледате и сè ви изгледа така црно… Еве неколку совети како да се надмине ваквата ситуација.
Кога врската е во криза не треба да барате виновник веднаш. Треба да ви биде јасно, за љубов, како и за расправии,потребни се двајца. Колку побрзо ја прифатите оваа вистина, толку е полесно да го решите проблемот.
Прво треба да дознаете што точно е проблемот. Анализирајте ги вашите активности и на вашиот партнер. Размислете што можете да промените за да ги задоволите потребите на вашиот партнер.
Разговарајте со него. Искреноста во врската, отвореноста кон партнерот е сигурен начин за заедничко решение. Најдобро време за дијалог е после сите завршени дневни обврски, кога нема да ве прекинува звукот на телефонот. Исто така, и со утринското кафе за викендите, кога и двајцата сте слободни, можете да отворите нови перспективи и нови дијалози.
Довербата, исто така, може да биде тема на разговор со партнерот. Ако довербата е намалена, искрен и отворен разговор може да ја врати, ако не, време е да ги разгледате вашите чувства и да ги донесете конечните одлуки.
Направете го омиленото јадење на вашиот партнер, послужете го како никогаш порано. Изненадете го и така започнете го разговорот.
Покажете ја вашата сексуалност. По романтична вечера и добар секс, добро е да имате со партнерот барем краток разговор, нека тоа е само почеток на дијалог за теми за кои треба да разговарате.
Споделете ги искуствата со добрата пријателка, слушнете го нејзиниот совет, но одлуката донесете ја сами.
Кога врска е во криза не треба да правите големи планови со партнерот. Заштитете се себе си од понатамошно разочарување.
На крај, едно е сигурно, би требало да бидете чесни кон себе, да знаете што сакате и што не сакате, што очекувате и што ве прави несреќни. Ова во голема мера ќе ви помогне во решавањето на постојните проблеми.