Олеснете му го патот до целосна доверба на вашиот партнер!
Без разлика дали сте во долга врска или сте на самиот почеток довербата е многу важна работа која мора да ја има во секоја врска. Понекогаш инцидентите од минатото ги спречуваат луѓето да веруваат во сегашниот партнер. Кога во врската недостасува доверба развојот е ограничен. Сепак, доверба не е лесно да се изгради, тоа може да трае со месеци. Трпеливоста мора да ја вклучите во игра.
Меѓутоа, постојат работи со кои ќе му го олесните патот до целосна доверба на вашиот партнер.
Верувајте му на партнерот. Доколку очекувате тој да ви верува, морално е и вие да му верувате.
Кажете му што сакате, а што не. Секогаш кога разговарате бидете јасни, тој не може да ги чита вашите мисли.
Информирајте го. Кога сакате да направите голема промена во вашиот живот важно е тој да ја дознае одлуката од вас, пред да биде спроведена.
Комуницирајте. Во секоја врска е вашно да постои здрава и редовна комуникација. Колку поотворено разговарате со партнерот толку попријатно ќе се чувствува тој.
Кажете ги гласно вашите граници. Кога нешто што прави тој на вас ви смета кажете му искрено што можете да толерирате што не, отворен муабет решава се.