Какви луѓе да чувате покрај себе?
Животот е еден, и е краток, иако не изгледа така. Освен семејството многу важна улога играат и пријателите кои ги имате покрај себе.
Важно е да ги имате вистинските луѓе во животот за да ви мине во спокој и што е можно повеќе среќни моменти. Чувајте ги луѓето кои ве сакаат и почитуваат. Луѓето кои имаат време за вас. Луѓето кои му се радуваат на животот, кои умеат да споделат среќа и тага. Оние на кои им се важни вашите солзи, вашите насмевки, успеси и падови.
Не ви се потребни толпа пријатели, доволни се само неколку вредни и искрени. Пријатели кои гордо ќе стојат до вас, ќе ви влеваат утеха, ќе ви предизвикаат насмевка. Многу е важно до себе да имате луѓе кои ќе ве мотивираат, бегајте подалеку од оние кои ве демотивираат, кои енергијата ви ја пијат и солзите наивно ви ги бришат. Не трошете го животот залудно!