Среќата навистина ja правaт малите работи!
Ние често забораваме на овој едноставен и емоционален освежувачки факт, особено кога рутинската, краткорочната, премногу (непродуктивната) работа, сметките и одложените плаќања го намалуваат нивото на енергија. Хроничниот замор и незадоволство го нарушуваат расположението и на луѓето во околината, но исто така влијаат и на вашиот изглед – кожата, косата, ноктите, па дури и самодовербата. Следниот пат кога ќе почувствувате дека лошо расположение прави да се чувствувате уште и осакатено, направете ги овие промени во вашата рутина:
Наместо со обилжчна вода измијте го лицето со кисела вода. Осум чаши вода дневно? Не е проблем, со парчиња лимон водата ќе биде ептен вкусна. Кремата за брчки или серумот кои ги нанесувате само на лицето нанесете ги и на деколтето и вратот. Заспијте и пробудете се со мирис на омилениот парфем. Шетајте слушајќи музика, наместо постојано некаде да брзате. Исполнете го тефтерот за планирање со пораки кои секогаш ќе ве мотивираат.