5-те најкорисни зачини на светот: Го штитат менталното здравје и функцијата на мозокот, јадете ги колку што можете почесто
Зачините се богати со антиоксиданси кои го подобруваат функционирањето на мозокот, а предноста е што се евтини и можете да ги додадете во речиси секое јадење.
Во остатокот од текстот прочитајте кои зачини поволно делуваат на централниот нервен систем, ја подобруваат циркулацијата, ја ублажуваат напнатоста и го ослободуваат телото од насобраниот стрес.
1. Ѓумбир
Ги намалува воспалителните процеси во телото кои можат да ја намалат способноста на мозокот да обработува информации. Овој зачин ги подобрува функциите на мозокот и го забавува стареењето.
Тајландско истражување на жени на возраст меѓу 50 и 60 години кои редовно земале ѓумбир шест месеци потврдило дека нивните когнитивни функции и меморија значително се подобриле.
2. Куркума
Сигурно сте слушнале колку е моќен зачинот куркумата. Потекнува од Индија, има жолта боја и малку пикантен вкус, а освен што ги прави јадењата повкусни, има и многу здравствени придобивки. Главната состојка на куркумата – куркуминот, е исклучително добра за превенција од многу болести или за лекување на одредени здравствени состојби.
Бидејќи воспалението е главен фактор во развојот на повеќето хронични дегенеративни болести, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, алергии, дијабетес тип 2 или Алцхајмерова болест, куркуминот има антиинфламаторно дејство што може да биде добра превенција од овие состојби.
3. Оригано
Една кафена лажичка суво оригано содржи повеќе антиоксиданси од шолја боровинки, кои се познати како храна за мозокот. Покрај тоа, ориганото содржи големи количини на витамин Б6, кој го подобрува протокот на кислород во мозокот, го намалува високиот крвен притисок и му дава на телото повеќе енергија.
4. Цимет
Освен што го зголемува протокот на кислород во мозокот, циметот го намалува и нивото на шеќер во крвта. Исто така, студиите докажаа дека луѓето кои мирисале цимет покажале подобри резултати на тестовите за концентрација, меморија и брзина на менталните реакции.
5. Жалфија
Овој зачин, сличен на циметот, ја подобрува меморијата и концентрацијата, особено кај постарите луѓе. Жалфијата го спречува губењето на ацетилхолин, супстанца поврзана со меморијата и вниманието.