ЖивотУбави совети

5 симптоми преку кои ќе ја препознаете најчестата инфекција

Кандидијаза е габична инфекција предизвикана од било кој вид на кандида. При опаѓање на отпорноста на организмот, стрес, бременост и намален имун систем кандидата настапува на сцена. Во продолжение пет симптоми кои ќе ги препознаете доколку се соочувате со овој чест проблем.

  1. Тегоби при варењето. На прекумерниот раст на кандидата во цревата и желудникот може да се манифестира со дијареа, надувување, гасови и опстипација. Многу истражувања покажале дека кандидијазата е поврзана и со воспаление на цревата и со Кронова болест.
  2. Константен замор. Кандидијазата ја следи недостаток на витамин Б, есенцијални масни киселини и магнезиум, а се тоа предизвикува слабеење на имунитетот. Организмот едноставно нема енегрија па се јавува константно чувство на замор.
  3. Бели наслаги на јазикот. Ова е еден од најчестите симптоми дека кандидата ги зафатила и органите за варење. Освен наслојките, може да се јават и болки во усната шуплина и да дојде до отежнато дишење.
  4. Воспалени синуси. За ова не се виновни само бактериите и вирусите, туку и кандидата. истражувања покажале дека кандидата се наоша во синусните шуплини кај 96% испитаници со хронично воспаление.
  5. Зачестени урогенитални инфекции. Голем број жени барем еднаш во животот се соочиле со кадидијаза. Дополнителен проблем е тоа што овие инфекции периодично се повторуваат и воопшто не е лесно сосема да се отстранат. Кај повозрасните кандидата предизвикува и уринарни инфекции.

 

Поврзани статии

Back to top button