ЖивотУбави совети

4 трикови на искусните домаќинки за СОВРШЕНА ПИТА

Со овие 4 трикови, питата секогаш ќе излезе совршена. Питите се едно од омилените јадења во Македонија, без разлика дали се работи за слатка или солена варијанта. Но, ако питата не ја правите толку често или немате искуство, може да се случи да не ви успее, корите да се исушат, да испукаат или филот во нив да остане непечен.

Затоа, треба да примените неколку совети и трикови за на вашата трпеза секогаш да најдете совршено извиткана, испечена и сервирана кралица на солените јадења – пита.

1. Ја чувате кората под влажна крпа
Корите треба да се изладат кога ќе се испече питата, па доколку сте ги чувале во замрзнувач оставете ги да се одмрзнат во фрижидер преку ноќ. Кога ќе го отворите пакувањето, додека ја подготвувате питата, останатата кора чувајте ја под влажна крпа, бидејќи многу брзо се сушат, а со тоа и пукаат.

2. Избегнувате масти
Доколку сте решиле да подготвите пита, таа никако не може да биде „фит“ варијанта, каде што се внимава маснотиите да се сведат на минимум, бидејќи сите видови пита бараат маснотии, без разлика дали се работи за маргарин, путер, сончогледово или маслиново масло. Доколку сакате вкусна пита, не треба да го прескокнете овој чекор. Покрај тоа, секоја пита треба да се натопи во мешавина од вода и маснотии за да остане сочна.

3. Ја ставате во загреана рерна
Трикот што го применуваат искусните готвачи, за филот во питите да не остане сиров и да изгори кората, е да се стави питата во ладна рерна, а потоа да се вклучи соодветната температура за печење. Питата ќе се испече рамномерно и ќе биде совршена кога ќе биде готова.

4. Не ја сечете пред печење
Овој чекор ќе биде особено корисен за нетрпеливите, бидејќи питата не треба да се сече жешка. Пресечете ја пред печењето, така што за време на печењето преку засеците ќе излезе вишокот на пареа, што ќе помогне за рамномерно печење.

Поврзани статии

Back to top button