ЖивотУбави совети
4 навики на самоуверените жени
Самодовербата често е единствената работа која ги раздвојува успешните жени од неуспешните, како и оние кои добиваат се што ќе посакаат за разлика од оние на кои тоа не им успева!
Кои се четирите најважни навики на силните и самоуверени жени?
- СЕКОГАШ БАРААТ ПРЕДИЗВИЦИ: Секогаш си задаваат нови цели и успеваат да ги постигнат. Живеат за предизвици, наместо во комфорната зона. Ги тестираат своите способности и се надминуваат себеси, а не другите.
- ПОДРЖУВААТ: Тие секогаш ги подржуваат другите, наместо да се споредуваат или натпреваруваат со нив. Знаат дека секој има своја приказна и дека не е удобно во туѓи чевли.
- ОДГОВОРНИ СЕ: Не им е проблем да преземат одговорност за она што го направиле. Стојат зад секој збор што ќе го изустат. Ја преземаат контролата и не дозволуваат паниката да ги совлада.
- КОМУНИЦИРААТ: Знаат како да комуницираат со партнерот, семејството, колегите, пријателите… Тие знаат да започнат разговор со дете кое само што почнало да зборува, но и со некој стар и мудар човек.