ДомУбави совети
3 бои за посреќен дом
Кога го уредувате домот, особено внимание треба да посветите на боите, затоа што освен на просторот, влијаат и на вас и вашето расположение.
Експертите за бои препорачуваат три бои кои се добредојдени за секој дом доколку сакате да се чувствувате добро во вашиот дом!
Жолта – Ова е бојата на сонцето и срежата. Докажано е дека луѓето кои се опкружени со оваа боја имаат повиско ниво на серотонин во телото, односно хормонот на среќата. Одлична е за дневната соба и бањата.
Сина – Оваа боја делува смирувачки на телото и умот. Ја симболизира довербата. Може да ја употребите во спалната соба.
Црвена – Боја на оптимизмот, виталноста и здравјето. Ќе го направи домот да изгледа топол. Идеална за комбинирање е во салонот, трпезаријата и кујната.