Убави вести

ХНК Сплит со балетскиот спектакл „5 до 12“ гостува во Битола

Вечер {12.05} со почеток во 20 часот, во Битола гостува ХНК Сплит со балетскиот спектакл „5 до 12“. Кореограф на оваа балетска претстава е Игор Киров. Неговата кореографија е поставена на музиката на Кирил Џајковски која претставува комбинација на електронски и изворни звуци.

Киров со претставата порачува дека животот е Рубикова коцка, односно онаков каков што самиот ќе го сложиш, а се е поинакво и поубаво кога ќе се отвори душата…

Костимограф на овој балетски спектакл е Александар Ношпал.

Поврзани статии

Back to top button