ЖивотУбави совети
Подгответе сладолед на стапче!
Високите температури не тераат да подготвуваме вкусни освежителни рецепти. За денес одбравме рецепт за сладодолед од малини. Подгответе го и уживајте во неповторливиот вкус.
Потрено: 2 чаши малини, 1 лажица сок од лимон, 3 лажици ванилин шеќер и една чаша минерална вода.
Оставете во фрижидер да се оладат 6 капапи за сладолед. Измијте ги малините, изматете ги со сокот од лимон, ванилиниот шеќер и минералната вода. Добиениот крем ставете го оладените калапи за сладолед и оставете ги во замрзнувач половина час. Потоа во секое калапче додадете стапче и оставете сладоледот на стапче да се замрзне околу три часа.