12 дестинации во Европа кои нудат одмор од соништата!
Европа е уникатен континент кога станува збор за туристички понуди, разновидност и можности. Речиси никаде во светот не можете да најдете таква разновидност на географски карактеристики, термални појаси, природна убавина, менталитет и различни националности, како што е случај во Европа. Затоа Европа е веројатно најпосетениот рај за сите љубители на одмор, медитеранската клима и море.
Туристите од целиот свет се упатуваат кон Европа секоја година, меѓу мај и септември, а причината за тоа не се исклучиво културните и историските знаменитости со кои можете да се сретнеме во речиси сите градови во Европа, туку дестинациите за вистински одмор кои ги нудат и двете. Тука се помали или поголеми места на медитеранскиот брег, со сите свои мориња, во различни земји. Од Португалија и Шпанија западно од Европа, до Грција, Бугарија и Турција на исток.
Ова се најпопуларните дестинации за одмор, кои ги сакаат светските туристи:
Палма де Мајорка (Шпанија – Средоземно море и дел на Балеарски острови)
Лорет де Мар (Шпанија – Балеарско море)
Ибица (Шпанија – Средоземно и Балеарско море)
Римини (Италија – Јадранско море)
Миконос (Грција – Егејско море)
Закинтос (Грција – Јонско море)
Крф (Грција – Јонско море)
Санторини (Грција – Егејско море)
Скиатос (Грција – Егејско море)
Крит (Грција – Егејско море)
Кушадаси (Турција – Егејско море)
Анталија (Турција – Егејско море)
Европа е едноставно премногу голема за нејзините најпопуларни одморалишта да бидат намалени на дванаесет дестинации. Се разбира, треба да додадеме Сардинија и француското крајбрежје на оваа листа, меѓутоа овие посебни дестинации се вистинска мешавина на популарност меѓу македонските туристи и туристи од остатокот од Европа и Америка.