10 реченици со кои мајката од ќерката создава квалитетна жена
Нема посилна и посветена љубов, од љубовта на мајката и ќерката. Во зависност од тоа какови ставови мајката и пренесува на својаата ќерка во детството, можеме да претпоставиме во каква жена еден ден таа ќе порасне.
Целта на секоја мајка е да создаде самосвесна, одлучна, достојна и храбра млада жена. Затоа, нивните ќерки во текот на растењето повторуваат некои животни вистини, кои во нивната свест воспоставуваат љубов и ги почитуваат моралните и социјалните принципи.
Односот меѓу мајката и ќерката е базиран на безусловна љубов и доверба и преку одредени ситуации кои ги пренесуваат на своите деца, мајките најмногу се заслужни во какви жена ќе порасне ќерката.
Вистините што ни ги кажуваа мајките и кои ни помогнаа да ја препознаеме љубовта и довербата:
1. Ти си најдобрата одлука што некогаш сум ја донела!
2. Верувам во твоите одлуки и идниот успех!
3. Ти си прекрасна личност.
4. Твојата надворешност е минимален дел од твојата внатрешна убавина и квалитети! Не смееш да бидеш несигурна!
5. Можеш да ми веруваш! Јас нема да те осудам, јас ќе ти дадам разбирање и поддршка, без оглед на се.
6. Запомни дека никогаш не си сама!
7. Јас сум горда на тебе!
8. Го почитувам твоите мислења, иако често не се совпаѓаат со моите.
9. Се восхитувам на сè што постигна и во каква жена порасна!
10. Те сакам!
Овие реченици градат цврста врска меѓу мајката и ќерката, и даваат на девојката ветар во грб. Ќерката секогаш знае дека зад неа стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха.
И, не заборавајте да и се заблагодарите на својата мајка за жената која ја гледате во огледало!