ЖивотУбави совети

10 причини зошто сум им благодарна на родителите

Родителите се од клучно значење за правилниот психички развој на едно дете. Само со љубов, разбирање, толеранција, грижа еден родител може да израсне здраво дете, сигурно во себе и своите квалитети.

Денес, како возрасна жена сум им неизмерно благодарна на моите родители за сè она што направиле за мене…

Им благодарам што ме пораснале во здрава особа, човек со душа и емпатија.

Им благодарам за бескрајно многуте моменти на среќа кои ми ги подариле.

Им благодарам за грижата за моето здравје и здравата исхрана.

Им благодарам што ме научиле лесно да ги совладувам животните лекции.

Им благодарам што ми даваат сила да го издржам секое ново искушение.

Им благодарам за смиреноста која ја чувствувам во најнапнатите ситуации.

Им благодарам што секогаш кога со нив ќе споделам нешто ми олеснува.

Им благодарам што самата помисла дека тие ме чуваат и мислат на мене ми дава желба за понатаму.

Им благодарам што се мои заштитници и најголема поддршка.

Им благодарам за тоа што ме научија што значи да се сака вистински, со цело срце и душа!

 

Поврзани статии

Back to top button