10 најсреќни земји во светот
Според извештајот за светско задоволство, клучните состојки неопходни за една земја да се прогласи за среќна се доброто здравје, поголема социјална поддршка, доверба во владата, повисок БДП по глава на жител и великодушност.
Ви нудиме листа на 10 најсреќни земји во светот, и она што ги прави најпосакуваните дестинации во 2017 година!
10. Шведска
Во Шведска кафе пауза е света работа. Швеѓаните секојдневно одвојуваат време за забавување и уживање пропратено со кафе. Кратка пауза за кафе во текот на работното време прават сами или во организација на компанијата.
9. Австралија
Австралија има 10.685 плажи. Прашањето е дали ќе се одлучите за тивки и мирни или за плажи полни живот и забава. Стискајте палци да има место на плажата и за вашиот пешкир.
8. Нов Зеланд
Нов Зеланд е дом на уникатни пингвини, вклучувајќи го и жолтиот пингвин, Фјордланд Пинвиг и најмалите џуџести пингвини.
7. Канада
Шумите во Канада сочинуваат 30 проценти од тајгата и 10 проценти од светските шуми во светот. Друга работа: Не е изненадувачки што воздухот во Канада е со многу висок квалитет.
6. Холандија
Амстердам има 1.281 мостови, што е три пати повеќе отколку во Венеција.
5. Финска
Се проценува дека во Финска (со население од 5,3 милиони) има 2 милиона сауни.
4. Швајцарија
Швајцарците јадат 11 килограми чоколада годишно, така што ако ја посетите оваа земја ќе уживате и вие во слатките чоколадни задоволства.
3. Исланд
Земјата е позната и како Земја на оган и мраз, така што тамошниот пејзаж е незаменлив.
2. Данска
Копенхаген е познат по моторите, па затоа е најдобро да изнајмите еден, ќе го разгледате и прошетате максимално.
1. Норвешка
Од четвртото место од минатата година, Норвешка сега на прво се искачи. Ако сакате да видите поларно светло, Норвешка е главната дестинација.