Од насУбави муабети
Ќе те сретнам по многу лета
Ќе те сретнам по многу лета
По многу премрежја и дни
Снежен повит в коси ќе ми цвета
Снежно-бела ќе бидеш и ти.
Без возбуда, без болка без трепет
Ќе ме плисне твојот леден сјај
И срцето завеано в пепел
Рамнодушно ќе прошепне – крај.
Сал можеби на лицето бледо
Горчлив осмев ќе се јави пак:
На чувствата изгаснати – сведок
На страстите истлеани – знак.
Ацо Шопов