Ќе заштедите струја: Направете го ова во кујната!
Тричлено семејство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија за готвење, а постојат неколку трикови како да заштедите енергија во кујната.
Готвењето е неопходно во покриен сад, бидејќи на тој начин се заштедува до 20% енергија, а треба да се користат садови чија големина е пропорционална на грејната површина за да се избегне губење на 20% енергија.
Кога водата ќе зоврие, грејната моќ на садот треба да се намали на најниската можна температура на која водата ќе продолжи да врие. На овој начин може да се заштеди до 60% од енергијата.
Најекономично готвење се прави во шпорет под притисок, што го намалува времето на готвење и потрошената електрична енергија за два до три пати.
Исклучувањето на рерната 10 минути пред крајот на готвењето може да заштеди до 20% енергија.
При користење на рерната, пожелно е да се отвора што помалку, бидејќи при секое отворање на вратата на рерната се губи 20% од топлината. Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџериња и тави чии радиуси одговараат на големината на колото. Радиусот на садовите може да биде и малку поголем.
Дополнително, парите и енергијата може да се заштедат доколку во тенџерето се стави само потребната количина на вода, бидејќи така се забрзува процесот на загревање и на тој начин се намалува потрошувачката на вода и енергија. Јајцата и зеленчукот може да се зготват на само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.