Веројатно да не ја доживеев оваа љубов, немаше да дознаам ништо за љубовта…
Понекогаш седам и си размислувам. Веројатно да не ја доживеев оваа љубов, немаше да дознаам ништо за љубовта. Исто, немаше да имам за што да страдам. По кого да копнеам. За што да сонувам. Немаше куп спомени да ми тежат на грбов. Да не ја доживеев љубовта со тебе ќе бев слободна. Можеби би било многу едноставно да се живее без да се знае толку за љубовта.
Јас сфатив дека доаѓа и си заминува. Дека умее да избелди, да понижи и да посрами. Дека умее да разочара човек. Дека има крај. На почеток толку бистра искрена и чиста за потоа да се извалка. Зар ние луѓето ја валкаме? Зар ние луѓето не знаеме да ја сочуваме? Зар не умееме еден на друг рака да подадеме? Зар тешко е на твоето рамо некој да се исплаче?
И само што ќе помислиме дека си заминала, ете ја се враќа. Изгледа љубовта не може да се уништи. А јас се уште потполно не можам да ја разберам. Не можам да ја објаснам со зборови. Налик толку едноставна иако делува. Само едно знам. Љубовта со љубов се полева за побрзо да расте!