Од насУбави муабети

Љубовта го прави целиот космос свој дом!

Од надвор не можеме да го видиме она што не го имаме внатре.

Ниту барај, ниту избегнувај. Прифати се што доаѓа.
Вистински херој делува во тишина.

Ако не успеете и илјада пати, обидете се повторно.

Не се грижи за неуспесите, тие се сосема нормални, тие се убавината на животот. Што би бил животот без нив?
Целиот универзум е исполнет со Бог, а не грев.

Во секое суштество Бог живее, и низ сите умови тој мисли.

Го гледаме светот онаков какви што сме ние самите.

Ако сметаш за себе дека си моќен, и ќе бидеш.

Што мислиш, тоа ќе станеш.

Моќта е живот, слабоста е смртта.

Грешник е само оној кој гледа грешник во друг човек.

Најголемиот грев е да се сметате себеси слаб.

Тајната е во едноставноста.

Кога се познавате себе си, сè ви е познато.

Љубовта го прави целиот космос свој дом.

Љубов огромна и бескрајна, широка како на небото и длабока како океанот – тоа е најголемиот успех во животот. Блажен е оној кој го стекнал ова чувство.
Има само еден суштински елемент во животот кои вреди да се поседува по секоја цена, а тоа е љубовта.

Душата не знае, оти таа е самото знаење.

Овој свет е огромна спортска сала во која доаѓаме да се направиме себе си се посилни.
 
Биди милостив кон сите суштества. Сочувствувај со оние кои имаат потреба. Сакај ги сите суштества. Не биди љубоморен на никого. Не гледај во туѓите грешки!

Поврзани статии

Back to top button