ЖивотУбави совети

Љубовните проблеми за кои нашите родители не ни знаеле

Ќе се согласите дека некогаш нештата биле многу поедноставни кога во прашање била љубовта, врските и браковите. Многу од проблемите на новото време кои ги мачат денешните парови биле непознати за нашите мајки и татковци.

Правилото „не смееш прва да се јавиш“

Денес толку многу се дебатира околу тоа кој треба да се јави прв. Како ќе делуваш ако се јавиш, како ако не се јавиш/ Порано тоа не било така. Се знаело дека мажот се јавува прв и крај! Наместо дебати, се водело љубов! 🙂

Нереална слика стекната преку социјалните мрежи

Пред години, првиот впечаток еден за друг, луѓето го стекнувале во живо, очи в очи. Денес, најчесто првиот впечаток за некоја личност го создаваме врз основа на она што го гледаме на Facebook, па често се случува потенцијалниот партнер или партнерка да не разочараат кога ќе ги запознаеме во живо.

Лажна слика

Разубавување со помош на филтри, скапи третмани за лице и тело, бркање на мода се опсесија за многу девојки и тие се чувствуваат несигурно. Нашите мајки го немале тој проблем, па автоматски биле посигурни и посреќни во врските.

Сомнителни пријатели

Со појавата на социјалните мрежи стана толку лесно да изневериш некого, па макар и виртуелно. Овој социолошки феномен создава проблеми кај паровите од денешницата.

Поврзани статии

Back to top button