Ја изгубивте желбата за интимни односи со партнерот?
Со вистински совети и малку труд, вратете ја желбата за секс.
Ниско либидо денес е многу честа појава: 52% од жените во менопауза доживуваат недостаток на желба за секс. Причините можат да бидат различни, но постојат начини тоа да се реши. Како и со било каков друг проблем, важно е, пред се да се има желба. Со поддршка на брачниот другар, сè е лесно со малку труд. Прочитајте ги нашите совети како да ја вратите желбата за секс!
Разговор: Поврзете се со вашиот партнер
Стресот, проблемите со врска и депресијата можат да го нарушат вашиот сексуален нагон. Значи важно е да се зборува за тоа – не заборавајте дека во вашите четири ѕидови сè е дозволено. Бидете отворени, искрени и кажете си еден на друг што ви пречи, што сакате и не сакате.
Пракса
Бидете расположени за секс! Активните жени имаат повеќе енергија, се чувствуваат подобро во своето тело и се помалку изложени на стрес – а тогаш лесно може да се стимулира интересот за секс. Во многу животни ситуации, самодовербата е клучот за сè, а исто така и за сексот.
Живејте за моментот
Стрес хормоните и моментите што ги доживувате, во крајна линија може да ја уништат вашата желба и возбуда. Затоа е важно да се живее за момент – за момент да го исклучите мозокот и да се посветите само на тоа. Слушајте го вашето тело, слушајте што ви кажува, бидејќи само така ќе ја зголемувате страста и ќе го намалите стресот. Обидете се, лесно е за момент да се заборават проблемите.
Таблети
Земање апчиња, антидепресиви или други лекови може многу да влијаат на расположението, но исто така и вашата желба за секс. Консултирајте се со вашиот лекар за промена на вашиот лек или обидете се да ја намалите дозата.
Секс терапија
Ова значи одење на психолог и работа на меѓусебна комуникација, слушање, интеракција. Не е срамота да се побара помош, ако тоа значи напредок и подобра ситуација во вашата спална соба.
Хормонални терапии
Постојат бројни хормонални терапии кои исто така можат да го решат проблемот со намаленото либидо. Во овој случај, се разбира, неопходно е да се посети лекар и да се спроведе терапија под негов надзор поради можни несакани ефекти.