ЖивотУбави совети

Јадела само банани 12 дена, еве што се случило

Докажан рецепт! Џулија Талбат спровела мал експеримент за да утврди како точно бананите влијаат на слабеењето и на здравјето воопшто. Бананите се овошје богато со растителни влакна кое има многу добри здравствени ефекти. Поради влакната кои прават да се чувствуваме сити подолго време, тие можат да помогнат и при слабеење, а нутриционистката Џулија Тарбат спроведе мал експеримент за точно да утврди како бананите влијаат на слабеењето.

Таа јадела само банани 12 дена за да ослабе и да го прочисти телото, а еве неколку правила кои ги следела на таа диета:

Јадела банани колку што сакала, но ништо друго, можеби понекогаш додавала и малку зелена салата на последниот оброк од денот. Конзумирала само зрели банани, внимавајќи да внесува ист број калории што вообичаено ги внесувала додека јадела „нормално“. Пиела многу вода, до три литри дневно и ги имала вообичаените физички активности.

Повеќе одмарала бидејќи телото минува низ фаза на детоксикација и поправка.

Истражувањата покажаа дека бананите можат да бидат совршена помош за слабеење. Просечната банана има околу 90 калории, што е многу помалку од некоја чоколадна лента што би ја јаделе. Содржи и многу растворливи влакна, што значи дека ја апсорбира водата и го забавува варењето.

Џулија успеала да изгуби 3 килограми и да ја исфрли насобраната течност.

Резултатите од диетата

Џулија вели дека цело време кога ја следела оваа диета, цели 12 дена, се чувствувала одлично и немала никакви несакани ефекти. Таа истакнува дека нејзината состојба на умот била многу јасна, дека била концентрирана и ефикасна во извршувањето на задачите. Исто така, таа била добро расположена и немала нагли промени во расположението.

Значи, би се рекло дека оваа дванаесетдневна детоксикација од банана вродила со плод, но секогаш треба да се консултирате со лекар пред да воведете какви било ограничувања во исхраната.

Дополнително, д-р Дејвид Хебер истакна дека оваа диета не е добра бидејќи бананите не содржат протеини, „најважната хранлива материја која го контролира апетитот и метаболизмот“.

– Најважно не е само да ослабете, туку важно е и каква ќе биде структурата на телото после тоа. Ако гладувате или јадете само јаглехидрати, половина од тежината што ќе ја изгубите ќе бидат мускули. Секој килограм мускул што ќе го изгубите го забавува вашиот метаболизам за 14 калории на ден. Кога ќе изгубите околу половина килограм мускул, вашето тело ќе согорува околу 140 калории помалку дневно. Тогаш ќе изгледате слабо однадвор, но ќе имате сало одвнатре. Редовната физичка активност и внесувањето доволно протеини со разновидно овошје и зеленчук со ограничен внес на јаглени хидрати е клучот за здравото слабеење – изјави д-р Хебер.

 

Поврзани статии

Back to top button