Јаболков оцет во нега на кожата на лицето: Сè што треба да знаете
Јаболковиот оцет се користи за нега на кожата на лицето уште од античко време, но дали е безбеден за нашата кожа?
Ако сте се бореле со акни во некоја фаза од животот, веруваме дека барем еднаш сте нанеле паста за заби или јаболков оцет на мозолчињата, по совет на вашата мајка или баба.
Иако постарите генерации имаа неколку генијални животни совети, ставањето кујнски производи на чувствителна кожа на лицето можеби не е најдобриот совет. Сепак, има нешто во јаболковиот оцет што се проби во рутината на кожата на лицето на многумина од нас. Се наоѓа дури и како состојка во многу производи. Но, пред да го нанесете овој оцет на мозолчето или директно на лицето, внимателно прочитајте го следниот текст.
Јаболков оцет во нега на кожата на лицето – Овој оцет има долга историја кога станува збор за нега, особено за оние кои претпочитаат повеќе природни препарати од дома. Доколку се користи правилно (разреден во вода или како состојка во постоечките производи), јаболковиот оцет има позитивно влијание на кожата на неколку начини.
- Ги избелува старечките дамки – алфа-хидрокси киселините од јаболков оцет можат да ја ублажат пигментацијата и бојата на старечките дамки.
- Помага против акни, мозолчиња и митесери – киселините имаат антибактериско дејство и го спречуваат развојот на бактерии и акни, а во исто време го отстрануваат мртвиот слој на клетки и овозможуваат кожата да се опорави и регенерира. Јаболковиот оцет ги суши и постоечките мозолчиња и на тој начин го забрзува нивното исчезнување.
- Ја одржува pH рамнотежата на кожата – со отстранување на масниот слој од кожата, јаболковиот оцет ќе го балансира нивото на pH и ќе се погрижи кожата да не е премногу мрсна или премногу сува. Плакнењето на лицето со овој оцет еднаш дневно помага да се регулира лачењето на природен себум на кожата на лицето.
- Помага во регенерација на клетките на кожата – високата количина на бета-каротин и помага на кожата да се опорави од ефектите на слободните радикали кои секојдневно ги напаѓаат клетките на кожата на лицето.
Она што дефинитивно е важно да се напомене е дека доколку имате некакви проблеми со кожата, консултирајте се со дерматолог или козметичар со кој ќе го решите проблемот. Не прибегнувајте кон домашни решенија кои можат да направат уште поголема штета и целосно да ја уништат вашата кожа на лицето. За среќа, денес живееме во свет каде што пазарот за убавина е полн со производи за решавање на специфични проблеми со кожата.