Што можете да направите ако други девојки го заведуваат вашето момче пред ваши очи?
На сите ни се случило барем еднаш некоја девојка да се одважи и да „фрли око“ на тоа што е наше.
Не постои доволно добро оружје што можете да го користите за апсолутно да го заштитите вашето момче од напад од други девојки. Но, постојат два начини да се справите со тоа – остар и малку „поубав“ или посуптилен начин.
Доколку сакате да останете дама каква што сте, но и да ги натерате дотичните девојки да немаат шанса со вашиот сакан, обрнете внимание на текстот во продолжение. Ви носиме совети за „тепачка“ со девојки кои се заинтересирани за вашето момче.
СКРИЈТЕ ГО СТРАВОТ И ПОКАЖЕТЕ ГОРДОСТ
Од сите девојки со кои можеше да биде во врска, тој те избра тебе, нели? Затоа, иако не можете да направите да исчезнат сите други девојки на светот, можете да запомните дека тој е со вас со добра причина. Во тој случај, скријте го стравот дека може да го изгубите и покажете им на сите околу вас колку сте горди на вашиот маж, неговите квалитети, но и на себеси.
НЕ СООЧУВАЈ СЕ СО ДЕВОЈКАТА КОЈА ФЛЕРТУВА СО ТВОЕТО МОМЧЕ
Никогаш, ама апсолутно никогаш не треба да се спуштате на тоа ниво, и на кој било начин да се занимавате со девојка која се обидува да флертува со вашето момче. Не сакате да бидете некој што го губи своето достоинство поради еден човек. Наместо тоа, прегрнете го пред сите и јасно ставите ѝ до знаење дека е зафатен. Сè друго всушност зависи од него.
НЕ ГО ОБВИНУВАЈТЕ ЗА ФЛЕРТ
Самиот факт што девојка го напаѓа вашиот дечко не е доволен за да го обвините дека флертува. Ако флертувањето е еднострано, и ако тоа не е нешто што тој го сака, зошто би започнале расправија? Не можете да го избегнете фактот дека на вашето момче ќе му се допадне друга девојка, но можете да управувате со вашите постапки и реално да ја погледнете ситуацијата.
ПОТРУДЕТЕ СЕ ДА ИМА ЈАСНИ ПРАВИЛА ВО ВАШАТА ВРСКА
Исклучително е важно уште од самиот почеток да поставите јасни правила во вашата врска. Ако вашето момче знае дека флертувањето со други девојки не е дозволено, тој, ако искрено ве сака, ќе се потруди да не го прави тоа. Освен тоа, тој ќе ги искорени обидите на секоја друга девојка да флертува со него. Исто така, вакво однесување е очекувано и од ваша страна.