ЖивотУбави совети

Што е телесна температура и како да постапат родителите

Онаа што сите треба да го знаеме поготово родителите, е дека нормалната телесна температура, се мери под мишката (аксилата) и ја сметаме за нормална до 37 Ц.  При мерење на ректалната темература (веќе реткост) таа изнесува  37,5 Ц. Кога температурата на телото ќе достигне до 38Ц, дури ни тогаш не сметаме дека детето има висока темепратура тие ситуации кога телесната температура се движи меѓу 37,5 до 38 ги сметаме за суб фебрилни состојби. Кога детето е над 38 степени, тоа е веќе покачена температура (фебрилни деца) а  кога е повеќе од 39 (некои велат дека над 39,5), може да се каже дека ова е веќе многу висока температура. Температура над 40Ц мајките  и татковците се на работ на очајот и претставува аларм но и навистина се бара брза акција, бидејќи без оглед на причината, таа телесна температура  мора без одлагање да биде намалена. Високата  температура е речиси секогаш знак или предзнак на болест или заболување , инфекцијатае најчеста причина за ненадејно покачена температура. Повеќето вируси и бактерии по влегувањето во телото на детето предизвикуваат  одбранбена реакција на севкупниот имунолошкиот систем. Органската манифестација на борбата на организмот со одреден инфект е токму појавата на покачена телесна температура. Како да се справиме со покачената температура е прашање кое ги мачи сите родители. Педијатарот вообичаено во својот извештај како препорака токму на самиот почеток препорачува туширање, ладење и алкохол 70%. Што всушност значи тоа? Кога сте во домашни услови слободно расоблечете го детето тоа е користен момент за разладување.Не го покривајте бидејќи ова е голема грешка но исто така претставува опасност за детето.Завиткувањето или покривањето при едно фебрилно дете може само да допринесе кон одредена компликација. Ладењето е  најбрз и најефикасен начин за справување со високата температура,бидејќи дур го чекаме дејството на антипиретикот се губи драгоцено време а ние брзо го сакаме ефектот од намалената температура. Кога станува збор за многу високи температури над 39-39,5C најдоброто оружје за брз ефект е  туширање на  децата  со млака вода. Свесно треба да се избегне ладната вода, што е многу непријатно чувство  за детето што “гори”. Доколку не можете да туширате може да натопите памук или пелена, а потоа внимателно да го пребришувате детето така се постигнува одличен  ефект. Исто така веќе разголеното детенце се остава  да се исуши без покривање. Оваа постапка може да се повторува почесто  доколку е потребно

Алкохолната фрикција е исто така корисна метода и покрај секаквите спротиставувања е користен метод во намалување на високата температура Доколку и покрај туширањето , ладењето и алкохолната фрикција  не дојде до спаѓање на телесната температура тогаш веќе применуваме кон примена на лекарства наречени антипиретици.Антипиретиците ни се прва линија на лекови во  борба со високи температури. Тие треба да се дадат  кога температурата на телото и покрај сите превземени мерки  е над 38Ц. На нашиот  фармацевтски пазар постојат неколку производи кои се погодни за намалување на висока температура кај децата, и најчесто се користат: ацетаминофени (Eferalgan Paracetamol)  и ибупрофенот (Brufen,Blokmax).

Салицилати (Andol, Anbol, Midol,Aspirin) не треба да се дава на деца за симнување на температурата! Салицилати кај децата може да доведе до сериозни компликации, особено кога детето има инфекција со одредени видови на вируси, така што многу години наназад не се користи за намалување на фебрилноста кај децата . Овие компликации се искрено многу ретки но се исклучително опасни. Ако детето не реагира на парацетамол треба да се обидат со ибупрофен и обратно. Постојат добро дефинирани препораки за комбинацијата на парацетамол и ибупрофен, но за тоа треба да се направи се како што е препорачано  од страна на педијатарот. Начинот на аплицирање т.е давање на овие препарати е на неколку начина . Антипиретици обично се дава како сирупи – усно или како супозитории во газот – ректално. Правилно е да  лекот биде даден ссо лажица но ако детето повраќа или одбива лекот да го прими орално тогаш може да се користат супозитории. При користење на супозитории, внимателно треба да се аплицира супозиторијата нежно во анусот и да се внимава дур биде ресорбирана. Парацетамолот е достапен во форма на супозитории, за разлика од ибупрофен. Дозите се исти, но ефектот на лекот се јавува малку побрзо отколку со орални препарати. Супозитории не треба да бидат  дадени  кога детето има пролив, бидејќи тогаш активната супстанца  не може да се реапсорбира правилно и  може да се ја влоши дијарејата .Обично начинот на дозирање е напишан во самото упатство но е потребна и консултација со вашиот педијатар. Дејството им е одприлика 15 до 30 минути по аплицирањето. Задолжително треба да се јавите на педијатар доколку се работи за бебиња во првиот месец од животот. Педијатарот веднаш ќе реагира со брз преглед и лабораториски анализи (крв, урина скрининг) и педијатарот ќе дијагностицира и ќе одреди третман. Ова исто така важи и за бебиња во текот на првата година, каде што температурата не паѓа дури и по сторените процедури. Исто така кога детето е малаксано, целосно рамнодушно, не може да биде “на нозе” има тотална отпадналост (дехидрираност) под итно треба да се јави на педијатарот. Кога детето и покрај падот на температурите болно плаче и е вознемирено исто така мора да посети педијатар. Една од високо алармантните ситуации е кога фебрилноста достига 40Ц и постои опасност од појава на конвулзии без размислување мора да се однесе во најблиската педијатриска институција. Опасноста од конвулзии е голема а и реакцијата на родителите е панична и вознемирувачка доколку дојде до тоа. Сепак мора да се остане присебен доколку се случи такво нешто и да се превземат следниве чекори :

Детето се стави во бочна положба (никако вадење или тегнење на јазикот).

Дијазепам супозиторија под итно во анусот( зависно од тежината) и под итно да се јават во педијатриска институција.

Во овој период на високи температури треба многу да се внимава и на изложеноста на децата на топлотната ирадијација.

Дури и таа може да предизвика појава на покачена телесна температура, дури и појава на сончаница која е проследена со фебрилност.

Јавете се кај својот педијатар во било кој случај.

Поздрав драги родители.

Д-р Ангелчо Андоновски

 

Поврзани статии

Back to top button