Што да правите додека сте невработени?
Ако неодамна сте ја изгубиле работата или барате нова работа, американските експерти советуваат како да го искористите тоа време на транзиција. Најважно е да не изгубите надеж, да се вооружите со позитивна енергија и да бидете упорни во вашите намери.
Започнете да учите некој странски јазик. Изберете го оној што навистина ве интересира и привлекува. Познавањето на повеќе јазици изгледа одлично во CV.
Волонтирањето штити од депресија. Волонтирањето е одлична и пофална активност што помага да се „убие“ вишокот слободно време предизвикано од невработеност, а воедно да направите и нешто корисно за другите. Неописливо добро чувство што ќе ве заштити од депресија.
Со танцување до нова линија и работа. Конечно имате време да го негувате вашето тело и да ја намалите тежината. Трчањето, танцувањето или одењето во теретана ќе направи да се чувствувате поздраво и да имате повеќе енергија. И, да изгледате подобро на интервјуата за работа.
Проширете го кругот на познаници. Изградете дополнителни контакти, проширете го кругот на познаници, повикајте пријатели со кои не сте чуле долго време и барајте контакти затоа што секогаш има некој што познава некој што може да ве препорача.
Активно барајте работа и не губете ја вербата. Бидете во постојана потрага по работа. И не се откажувајте!
Разбудете ја креативноста. Започнете работна, креативна акција во домот. Имате време за фантазија и реализација. На пример, може да го декорирате домот во ново руво со помош на креативни рачно изработени украци.