Што да прават слободните девојки вечерва?
На сите кои се сингл, 14 февруари им изгледа како вистински кошмар. за вас спремивме четири идеи кои сигурно ќе ви помогнат да го поминете овој ден. :-))
Филмски маратон – За себе или заедно со вашите сингл другарки, како ќе посакате. Пуканки, ќебе, пижами и вашиот омилен актер – дали има подобар начин да го поминете Денот на вљубените со луѓето што ги сакате? Дури и ако тие се само на екранот … 🙂
Организирајте скромно порадување со вашите сингл другарки – Лотарија! На ливчиња запишете броеви и на секој подарок исто така. Влечете по едно ливче и забавувајте се со најблиските пријателки.
Исклучете се – Денот на вљубените е идеален ден за детоксикација од Интернетот и социјалните мрежи. Исклучете го мобилниот, наполнете ја кадата и поминете ја ноќта во мир и тишина, без известувања и вознемирувања.
Одете во клубот – Облечете го најдобриот фустан, влезете во најдобрите чевли и ставете си најубава насмевка! Не постои проблем кои со неколку чаши вино и пријатели во лудо ноќно време не може да се поправи! 🙂