ЖивотУбави совети

Што ги привлекува мажите?

Мажите навистна сакаат дотерани и средени жени, но некои други работи се многу поважни за нив. Физичкиот изглед не е пресуден, колку и да се трудиме ние жените постојано да го подобриме. Време е да започнеме да работиме на она што е во нас а не на нас…

Мажите обожуваат самоуверени и силни жени кои се способни сами да врват низ животот и да ги решаваат самостојно сите зададени загатки и проблеми кои секојдневието ги носи.

Сакаат кога понежната половина има смисла за хумор. Кога умее да се нашали на своја сметка, кога е позитивно настроена кон животот.

Самостојоста и успешноста се за нив пресудни. Не сакаат жени на кои неопходна им е емоционална врска за да функционираат.

Кога одбираат жена за на долги стази секогаш ги избегнуваат жените кои личат лесно. Кои се пренакитени со накит и премногу разголени.

Сакаат жени кои се задоволни од себе си во секој оглед, кои си го сакаат телото, умот и духот. Кои не се жалат кога имаат мака туку работат на тоа да ја решат. Оти, зборовите некогаш се излишни.

Мажите за жена која ги поддржува и прати гордо во чекор се спремни да направат се.

Поврзани статии

Back to top button