ЖивотУбави совети

Што вкусно да ручате денес?

Како што знаеме, мусаката е многу популарно јадење. Главно се прави од слоеви мелено месо, модар патлиџан, тиквички или компири. Со години рецептите се надополнуваат, па денес имаме и комбинации со ориз, риба, морски плодови…

Не е познато кој ја измислил мусаката, но се верува дека е од арапско потекло. Во раните 1900-ти, во ова јадење беше додаден француски сос од бешамел.

Самиот патлиџан има бројни лековити својства. Освен што го подобруваат варењето, овој зеленчук го намалува холестеролот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, го нормализира срцето и содржи бројни витамини и минерали.

Затоа се одлучивме за мусака од модар патлиџан. Нашата верзија секако не е традиционална, но е вкусна и многу здрава. Во продолжение ви го пренесуваме целиот рецепт.

Веганска мусака со модар патлиџан
Состојки:

4 чешниња лук
2 помали модри патлиџани
1 шолја индиски ореви
1 чаша сецкан кромид
1 конзерва леќа
1 конзерва излупени домати
чаша растителна павлака
маслиново масло
сол, бибер, оригано

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Модриот патлиџан се сече на вертикални кришки, се посолува од двете страни и се остава половина час.
Префрлете ги парчињата во голем плех обложен со хартија за печење. Печете 15 минути, додека парчињата не поруменат. Извадете од рерната.
Подгответе го бешамелот: Во процесорот истурете ги лукот, индиските ореви и павлаката и блендирајте додека не добиете еднолична маса.
Подгответе го сосот со леќата: На маслиново масло пропржете го исечканиот кромид, леќата и излупениот домат. Зачинете со сол, бибер и оригано и динстајте, непокриено, петнаесет минути.
Половина од парчињата модар патлиџан наредете ги во мала тава со малку масло (на пр. 20 x 30 cm). Прелијте ги со сосот од леќа. Одозгора наредете го другиот дел од кришките модар патлиџан и сè прелијте со бешамел.
Печете 15-20 минути, додека не порумени.
Послужете топло со сезонска салата.

Поврзани статии

Back to top button