ЖивотУбави совети

Што вкусно да ручате денес?

Идеја за денешниот ручек: полнети тиквици, вкусни и идеални за топли денови.

Потребни состојки: 3 тиквици, маслиново масло, кромид, лук, каранфилче, две конзерви туна, 200 гр домати, 200 гр сирење, сол, бибер и босилек.

Најпрво исчистете ги тиквиците, измијте ги, исечете ги на половина и издлабете ги со лажица. Наредете ги на плех поставен со хартија за печење, посипете ги со сол, со малку маслиново масло и печете ги во загреана рерна на 180 степени. Додека тиквиците се сушат, подгответе ја смесата за полнењето. На малку маслиново масло испржете го ситно исецканиот кромид, додадете лук и ситно исецкано месото од тиквичките кое го извадивте со лажицата пред да ги печете, шери доматите исечкајте ги на половинки. Динстајте 10 минути, посолите, додадете босилек и туна. Гответе уште пет минути и зачинете по вкус. Извадете ги тиквиците од рерната, наполнете ги со оваа смеса и на крај попрскајте ги со рендан кашкавал. Вратете ги во рерната и печете околу 20 минути.

Поврзани статии

Back to top button